Ѕвездата на Барса откри: Ако не бев фудбалер, веројатно ќе бев астронаут

by 24 фудбал
1 минути читање

Новата ѕвезда на Барселона, шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, дебитираше и постигна победоносен гол во дуелот со Рајо Ваљекано во вторникот (1-2).

По таа средба тој имаше едно појавување во јавноста, а во него мораше брзо да одговара на поставените прашања.

Олмо откри дека тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко го убедиле да направи трансфер од Лајпциг. Шпанецот исто така кажа дека доколку не бил фудбалер, веројатно ќе бил астронаут.

Исто така Олмо откри дека најдобар ривал му е Лука Модриќ, најдобро сеќавање Европското првенство, а најдобар спортист за него е Рафа Надал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани