Ѕвездата на Англија никогаш не пробал пиво – првпат ќе се напие ако во недела станат европски шампиони!

by Стефан
1 минути читање

Aнглиската ѕвезда Даклан Рајс вети дека ќе го испие првото пиво во животот ако Англија во недела стане светски шампион.

Фудбалерот на Арсенал за англиски „Сан“ изјави дека во тој случај тоа ќе мора да го направи со затнат носи бидејќи го мрази мирисот на пивото.

Рајс пред три години исто така вети дека ќе го испие првото пиво ако Англија ја победи тогаш Италија во финалето, но тоа не се случи бидејќи „Гордиот Албион“ беше поразен по изведувањето на пенали.

Во меѓувреме Рајс призна дека веќе се напил ароматично пиво Шандис, се уште не пробал „вистинско“ пиво.

Англичаните во недела ги очекува финалето во кое ќе се соочат со Шпанија од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани