Репрезентацијата на Турција имаше одличен настап на Европското првенство во Германија, но остана без пласман во полуфиналето откако вчера Холандија ги победи со пресврт (2:1).
Во редовите на Турција се тажни, но никако не можат да бидат разочарани и пласманот во четвртфиналето секако е успех за турската репрезентација.
Еден од оние кои импресионираа во дресот на Турција е младиот Арда Ѓулер, големата надеж на Реал Мадрид кој имаше одличен турнир.
Но, не само на теренот, Ѓулер воодушеви и со својот потег по вчерашниот пораз. Имено, иако има само 19 години, Ѓулер остана присебен и во тие моменти одеше до своите соиграчи изразувајќи им поддршка.
Еден од оние кои не можеа да ги задржат созлите беше искусниот Хакан Чалханоглу.