Репрезентацијата на Турција вчера ја победи Грузија со резултат 3:1 во првото коло на Европското првенство од групата „Ф“, а еден од хероите беше младиот Арда Ѓулер.
Фудбалерот на Реал Мадрид постигна вистински еврогол за водство од 2:1, подоцна во финишот Турците само го потврдија триумфот.
Голот на Ѓулер беше најубавиот досега на првенството, но со него стана и најмладиот стрелец-дебитант на едно Европско првенство. Ѓулер го постигна со 19 години и 114 дена така го надмина Кристијано Роналдо кој во 2004 година против Грција постигна гол со 19 години и 128 дена.
Веднаш по натпреварот во соблекувалната Ѓулер доби ии повик од претседателот на државата, Ердоган кој му честиташе. Во следното коло Турција ќе игра против Португалија која исто така славеше победа во првото коло против Чешка со 2:1.