Како што веќе е добро познато, Реал Мадрид нема да присуствува на церемонијата на доделуввањето на „Златната топка“ затоа што Винисиус Жуниор нема да ја добие наградата за најдобар фудбалер која веројатно ќе заврши во рацете на Родри.
Потегот на Реал Мадрид да не се појави во Париз предизвика бурни реакции во јавноста, а се огласи и шпанскиот селектор Де Ла Фуенте.
Де Ла Фуенте истакна дека за фудбалот не е добро што Реал Мадрид не присуствува на една ваква манифестација.
„Не го оправдувам потегот. Не е добр за фудбалот кога Реал Мадрид не е присутен на ваква манифестација“, изјави Де Ла Фуенте.
Инаку, Де Ла Фуенте во конкуренција за признанието за најдобар тренер бидејќи со шпанската репрезентација го освои Европското првенство.