Шпански прволигаш се вклучи во трката за Бојан Миовски!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски многу веројатно ова лето ќе ја смени средината и ќе го напушти Абердин. Со своите одлични партии минатата сезона во Премиер лигата на Шкотска, 25-годишникот привлече огромно внимание.

Последен во низата клубови кои се интересираат за Миовски е шпански Еспањол. Повратникот во елитната Ла Лига е во потрага по напаѓач, а според неколку шпански новинари како главна опција го сметаат Македонецот.

Засега нема ништо конкретно, ниту цифри, ниту преговори, меѓутоа интересот постои. Јасно е дека Абердин очекува да заработи барем 7-8 милиони евра за услугите на нашиот напаѓач.

Освен Еспањол, претходно сериозен интерес за Бојан Миовски покажаа неколку калчолигаши. Долго време Болоња која ќе игра во Лигата на шампионите се сметаше за главен фаворит за потписот, а потоа во трката се вклучи и Џенова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани