Екипата на Борусија Дортмунд вчеравечер го дозна својот ривал во големото финале од Лигата на шампионите на 1. јуни ќе се соочи со Реал Мадрид кој вчера беше подобар од Баерн Минхен.
Реал до победата во финалето дојде со двата гола на Хоселу во завршницата од натпреварот и не дозволи да гледаме германско финале.
Борусија во битката за трофејот ќе се обиде да ги спречи „кралевите“ да дојдат до нивната 15-та титула во најелитното европско натпреварување. Во финалето „милионерите“ ќе влезат како аутсајдери, меѓутоа ретко кој им предвидуваше и да се тука, па успеаа да стигнат.
Интересно е што од Шпанија по вчерашното полуфинале се јави тимот на Алокрон кој е 19-ти и се бори за опстанок во шпанската втора лига. Имено, тие се потсетија дека го посрамотија Реал Мадрид во 2009 година со победа од 4:0 во шпанскиот куп, па така се понудија да помогнат.
„Борусија, ако ви треба совет за победа над Реал, тука сме. Знаеме и германски“, гласи пораката на шпанскиот клуб.