Шокот од Италија е минато, Франција на надигра и ја победи Белгија! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Франција со 2-0 ја совлада Белгија, потезите на Дидие Дешан вродија со плод, Французите не само што победија, туку тоа го направија со одлична игра.

Дешан одлучи мечот да не го почне со досега стандардните Мбапе и Гризман, двајцата беа седнати на клупата. Во игра влегоа во текот на второто полувреме.

Резултатот го отвори Коло Муани кој погоди во 29. минута по асистенција од Дембеле.

Во 57. минута гол даде и самиот Дембеле кој реализираше по додавање од Канте.

Белгија изгледаше немоќно на овој меч и може да биде среќна што си оди со само два примени гола.

Италија со 2-1 го совлада Израел, головите ги постигнаа Фратези и Кин.

Словенија со хет-трик на Шешко беше подобра од Казахстан со 3-0. Црна Гора на свој терен загуби од Велс со 2-1, Норвешка со истиот резултат ја победи Австрија, Халанд го постигна победничкиот гол, Турција со 3-1 беше подобра од Исланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани