Шок од Евра: Фергусон во 2013 година се повлекол поради Роналдо и Бејл?!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот Сер Алекс Фергусон во 2013 година се повлече од клупата на Манчестер Јунајтед и замина во пензија. Сега за тој период зборуваше поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Патрис Евра.

Тренер на Манчестер Јунајтед Фергусон беше од 1986 до 2013 година и за тој период забележа бројни успеси. Евра сега откри детали за таа 2013 година во која Фергусон се повлече.

Имено, Кристијано Роналдо и Герет Бејл биле желба на легендарниот Шкот со цел да го оживее тимот на Јунајтед. Фудбалерите прифатиле и скоро се било договорено, но Манчестер Јунајтед не одобрил 200 милиони фунти за нивно доведување.

„Фергусон ми кажа: Патрис, Кристијано Роналдо е 99% потврден, исто така и Бејл. Потребни би биле 200 милиони фунти, а клубот одби да плати. Се сеќавам дека излегов од канцеларијата и си помислив: Кристијано се враќа, а Герет Бејл…како од соништата. Замислете“, зборуваше Евра.

На крајот таа 2013 година Бејл за 101 милион евра потпиша за Реал Мадрид и таму играше со Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани