109
Иако во изминатите денови Винисиус Жуниор важеше за главен кандидат за „Златната топка“, а денеска дури се појави и список на социјалните мрежи според кој беше на врвот според гласовите, изгледа дека тој не е добитникот на престижното признание.
Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо на социјалните мрежи не објави кој ќе биде добитникот, но потенцираше дека тоа нема да биде Винисиус.
Исто така Романо објави и дека делегацијата на Реал Мадрид нема да патува во Париз во знак на протест затоа што сметаат дека Винисиус ја заслужил оваа награда.
Сега, ако суди според ситуацијата, добитникот ќе биде најверојатно Родри, бидејќи и третиот кандидат во најтесна конкуренција, Џуд Белингем е од Реал Мадрид.