Шкупи со 3-0 славеше на гостувањето во Струга, Вардар со 1-0 победи во Кавадарци во меч кој имаше контроверзен крај.
Тамба беше херојот на Шкупи, тој ги даде сите три гола за победа на чаирскиот тим на гостувањето кај шампионот Струга.
Тиквеш и Вардар го одиграа мечот во убава атмосфера со навивачки групи и на двете екипи.
Вардар победи со спектакуларен гол на Закариќ, но во финишот од мечот се случи контроверзен момент. Помошникот судија во продолжението беше погоден со тврд предмет, по што главниот судија Ставрев одлучи предвреме да го заврши дуелот.
Работнички и Брера одиграа 1-1. Гостите од Струмица поведоа во 26. минута со гол на Ристовски, но по седум минути игра во вториот дел останаа со фудбалер помалку откако Рватубиаје заработи црвен картон.
Тоа го искористи Работнички и со гол на Белица на 15 минути до крајот дојде до израмнување.
Пелистер славеше гостинска победа кај Беса од 3-2. Битолчани водеа со 2-0 по првото полувреме со два убави гола, првиот го даде Керим, а вториот Мирко Ивановски.
Селмани намали на 2-1, но Катанич на 15 минути до крајот ја врати предноста од два гола за Пелистер. Во судиското продолжение Селмани даде уште еден гол за конечни 3-2.
Најубедлива денеска беше Шкендија која со 5-1 ја победи Воска. Бесар Ибраими даде два гола, по еднаш погодија Адеми, Крстевски и Адили. Погодокот за гостите беше дело на Јахја.
Гостивар со 2-1 славеше на гостувањето кај Силекс. Ајдоган и Зука погодија за гостите, Ѓорѓиевски во финишот го постигна единствениот гол за Кавадарчани.
Резултати 6. коло:
Струга – Шкупи 0-3
Тиквеш – Вардар 0-1
Беса – Пелистер 2-3
Работнички – Брера 1-1
Шкендија – Воска 5-1
Силекс – Гостивар 1-2
Табела: Шкендија 14, Работнички 12, Гостивар 12, Струга 10, Силекс 9, Шкупи 8, Пелистер 8, Брера 7, Вардар 7, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4.