398
Викендов во ПМФЛ на програмата е дербито помеѓу Шкупи и Шкендија кое ќе се игра на стадионот во Чаир.
Пред овој натпревар од редовите на домаќинот одлучија да ги отворат вратите и влезот за натпреварот ќе биде бесплатен.
Шкупи е во битка со Шкендија за титулата и во последните три кола влегуваат со ист број на бодови, тука е и Струга.
Натпреварот како и останатите од 31. коло се игра утре во терминот од 17:00 часот.