111
Фудбалскиот клуб Шкупи по само две кола во новата сезона на Првата македонска лига се реши за тренерска смена.
Ернест Ѓока доби отказ по поразот од Гостивар на гостувањето во Штип (2-0). Албанскиот стручњак по само седум натпревари на кои го водеше Шкупи беше разрешен од должноста.
Шкупи го назначи Ѓока за нов тренер на крајот на април, со него ја доработе сезоната и иако беше во битка за титулата, остана дури и без излез во Европа. Ниту стартот на новата кампања не беше добар, па челниците на Шкупи се решија да му врачат отказ.
Се очекува во следните денови Шкупи да го промовира наследникот на Ѓока на клупата.