Шкупи му го утна презимето на дресот на новиот Јапонец (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Шкупи во рамките на третото коло на ПМФЛ се радуваше во скопското дерби против Вардар со убедливи 3-0.

За време на овој натпревар на „Чаир“, ретко кој забележа дека Шкупи му го промаши презимето на еден свој фудбалер. Се работи за новото засилување од Јапонија, Јумеми Канда. Наместо правилното презиме, на дресот на Јапонецот стоеше Јумени.

Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од соблекувалната и напиша кратко: „Јас сум Јумеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани