241
Репрезентацијата на Шкотска остана без услугите на левиот бек Киеран Тирни, кој мора да го напушти кампот на селекцијата.
27-годишникот се повреди на натпреварот против Швајцарија в средата. Тогаш Тирни беше изнесен од теренот на носилки, а како што беше и за очекување – го заврши натпреварувањето.
Станува збор за повреда на мускилите, меѓутоа истата не може бргу да се надмине. Поради тоа Тирни заминува на рехабилитација, а Шкотланѓаните во последното коло против Унгарија ќе мораат без еден од најдобрите фудбалери.
Инаку Тирни е фудбалер на Арсенал кој за 27 милиони евра во 2019 година го купи од Селтик. Минатата сезона бекот ја мина позајмен во Реал Сосиедад, а за Шкотска има 46 настапи.