Шест кандидати во трката за тренер на годината

by 24 фудбал
1 минути читање

Вчера беа објавени кандидатите за најдобрите во фудбалот за 2024 година. „Франс Фудбал“ објави и шест тренерски имиња кои ќе бидат во трка за признанието тренер на годината.

Горе-долу очекувано, тука се најдоа имињата на освојувачите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Џанпјеро Гасперини (Аталанта). Дел од изборот е и Чаби Алонсо кој со Баер Леверкузен имаше историска сезона.

Место имаше и за Луис де ла Фуенте кој со Шпанија го освои Европското првенство, како и за Лионел Скалони кој беше јужноамерикански првак со Аргентина. Тука е и Пеп Гвардиола од Манчестер Сити кој повторно беше англиски шампион.

Наградата ќе биде доделена на 28 октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани