Фудбалерите на Струга Трим Љум ќе ја дочекаат Шкендија во рамките на 32. коло во ПМФЛ. На рунда пред крајот овој натпревар може да биде решавачки, особено бидејќи двата ривали се израмнети на врвот на табелата.
Во пресрет на дуелот на „Градскиот стадион“ во Тетово, своите очекувања ги изнесе еден од најдобрите играчи на шампионот, Буњамин Шабани.
„Ова е многу важен натпревар за нас и за Шкендија. Добро е за шампионатот да има вакви дерби пресметки, особено кога влогот е титулата. Атмосферата во нашиот тим е одлична, работевме напорно цела седмица и го анализиравме ривалот доста добро. Знаеме дека Шкендија има многу квалитетен тим, па очекувам нијанси да го одлучат победникот на дербито.
Како фудбалери секогаш работиме да му помогнеме на тимот. Се надевам јас ќе го повторам ланскиот перформанс во Тетово, но и тимскиот резултат (победата). Ќе играме пред публиката на Шкендија, тоа се навивачи полни со ентузијазам. Знаеме како е да се игра тетовската атмосфера, особено ние поискусните во тимот. Ние како тим можеме да ветиме дека ќе дадеме максимум за да ја исполниме својата цел“, изјави Шабани.
Шкендија и Струга имаат по 61 бод на врвот, додека Шкупи има 58. Интересно е дека во последното коло следи и дуел меѓу Струга и Шкупи, па битката за титулата нема да биде готова до самиот крај на шампионатот.