Чурлинов одигра 85 минути во третата победа на Јагелонија во Конференциската лига

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов продолжи со добрите настапи со тимот на Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА.

Во рамките од третото коло Јагелонија стигна и до третата победа, сега беа подобри од норвешки Молде со 3:0.
Победата за полскиот тим ја обезбедија Пулулу со два гола и Хансен кој еднаш се запиша во листата на стрелци.

Претходно денес Бобан Николов со својот Борац Бања Лука претрпе пораз на гости кај Викингур во ова натпреварување. Николов на теренот беше до 68. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани