Челси распука по Вулвс, хет-трик на Мадуеке по три асистенции на Палмер! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Челси со убедливи 6-2 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон, во второто полувреме Мадуеке постигна три гола, по три асистенции на Палмер.

Сините од Лондон одлично го почнаа мечот, веќе во втората минута Џексон даде гол со глава за водство од 1-0.

Во 27. минута Куња постигна гол за домаќините по една лоша поставеност на одбраната на Челси. Резултатот беше израмнет на 1-1.

Речеше 45. минута кога Палмер даде прекрасен гол и го врати водството на Челси, но гостите не отидоа на одморот со предност, бидејќи во судиското продолжение Вулвс израмни со гол на Ларсен.

Во второто полувреме на сцена стапи Мадуеке, кој даде три многу слични голови од десната страна и тоа сите по асистенција на Палмер. Челси дојде до водство од 5-2, но тоа не беше се.

Жоао Феликс денеска го имаше второто деби за Челси и веднаш постигна гол. Португалецот погоди во 76. минута за конечни 6-2.

Немаше победник на мечот меѓу Борнмут и Њукасл кој заврши нерешено 1-1.

Домаќините поведоа со гол на Таверние во 37. минута, бод за Њукасл донесе Гордон во 76. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани