Николас Џексон стави потпис на продолжение на договорот со Челси.
Сенегалскиот напаѓач се обврза на договор до 2033, што е деветгодишен договор со високи примања. По доаѓањето во клубот Џексон се наметна и е константен стартер, а со овој потег Челси уште еднаш покажа дека го следи својот нов модел на работа.
Иако Николас Џексон имаше договор во важност на уште седум години (при доаѓањето потпиша осумгодишна соработка), сепак „сините“ сега му додадоа уште две до 2033.
Веројатно причините се оние за кои се шпекулира, американските сопственици користат нов модел на работа. Со долги договори на по седум, осум, па дури и девет години тие ги разложуваат вложените средства за трансферот и платата.
Со тоа Челси умешно и засега успешно избегнува проблеми со ФФП. Сепак, таквата работа носи ризици и јасно е дека некогаш во иднина би донела и проблеми, а веројатно и казни. Меѓутоа, Челси делува дека не го интересира иднината и си ја работи работата според замисленото…