Освојувањето на трофејот во ФА Купот го одведе Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа, одземајќи му го местото на Челси и испраќајќи го во Конференциската лига, додека Њукасл целосно извиси за излез во евро-куповите.
Сега се појавија интересни информации на „островот“, а поврзани со настапот на Челси во третото по ранг европско натпреварување. Имено, се шпекулира дека „сините“ ќе побараат од УЕФА да ја отслужат казната за кршење на финансискиот фер-плеј (ФФП). Иако сè уште немаат добиено санкции, против тимот од Лондон има повеќе обвиненија и ова би било само превенција на идна штета.
Вакво нешто направи екипата на Јувентус за оваа сезона, бидејќи се реши да не игра во Конференциската лига, го презентира тоа до УЕФА и доби зелено светло за такво нешто.