Челси одигра уште еден ефикасен натпревар и со победа стартуваше во Конференциската лига (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во ефикасен натпревар екипата на Челси по добрите настапи во Премиер лигата стигна до победа и на стартот од Конференциската Лига.

Избраниците на Енцо Мареска вечерва со 4-2 славеа победа над белгиски Гент. По само 12 минути Челси дојде до водство со голот на Веига по асистенција на Мудрик. На стартот од вториот дел Педро Нето зголеми на 2-0, додека Гент во 50-минута

Сепак Челси одново преку Нкунку дојде на предност од два гола со погодокот во 63. минута. За 4-1 се погрижи Девсбери Хал, додека Ганделман во 90. минута ги постави конечните 4-2.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Копенхаген – Јагелонија 1-2, Фиорентина – ТНС 2-0, ЛАС, Ѓургргарден 2-2, Лугано – ХЈК 3-2, Петрокуб – Пахос 1-4, Шамрок – АПОЕЛ 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани