Eстевао Вилијан, до неодамна 17-годишник кој игра на позицијата десно крило во Палмеирас е означен како ново „чудо од дете“ и веќе некое време е добро познат на скаутите на најголемите европски клубови.
Еден од најголемите таленти на Бразил е следен од клубови како Барселона, Пари Сен Жермен и Челси, а наводно лондонскиот клуб веќе спремил голема понуда за него.
Според информациите на островските медиуми понудата за тинејџерот кој собра само 432 минути помеѓу професионалците и одигра 13 натпревари за Палмеирас би изнесувала околу 55 милиони евра. Во тие настапи Вилијан постигна два гола и асистираше за еден. Неговиот договор со Палмеирас е со важност до 2026 година.
Тој е член и на репрезентацијата на Бразил до 17 години каде што дебитираше минатата година и собра пет настапи на кои трипати се запиша во листата на стрелци и додаде три асистенции.