331
Новинар на „АС“ тврди дека Чави не ја кажува вистината за ситуацијата на Витор Роке, фудбалерот на Барселона можел да игра против Реал Сосиедад.
Чави на прес-конференцијата по мечот рече дека Роке не бил во составот затоа што им повреда на зглобот и отпаднал од комбинација.
Но, новинарот Хави Мигуел пишува дека тоа не е вистина, тој тврди дека Роке имал само мала нелагодност која не му пречела за да игра и би играл доколку Чави го сакал тоа.
Во изминатите денови агентот на Роке го крена гласот и се пожали на третманот на неговиот клиент заканувајќи се со заминување.
Иднината на Роке во Барселона е нејасна и се очекува таа да биде решена по крајот на сезоната.