106
Црногорецот Милутин Осмајиќ е обвинет дека го гризнал дефанзивецот на Блекбурн, Овен Бек во текот на натпреварот на овие две екипи во Чемпионшип.
Од Фудбалската асоцијација на Англија отвориле и истрага против Црногорецот на кого сега му се заканува суспензија од четири месеци.
На Островот казна за гризнување противнички фудбалер заработи Луис Суарез во 2013 година. Уругваецот тогаш го гризна српскиот дефанзивец, Бранислав Ивановиќ.