Македонскиот фудбал добива уште еден интернационалец, бидејќи младиот Христијан Георгиевски потпиша договор со екипата на Нафта 1903.
Георгиевски кој претходната сезона беше шампион на Македонија со екипата на Струга Трим Љум реши дека е време за нов предизвик. Се работи за играч кој настапува на централните позиции на средината на теренот и има 21 година. Тој е младински репрезентативец на Македонија со настапи во неколку селекции, а го чека и своето деби во У21 тимот.
Кариерата на Георгиевски започна во Работнички, а многу млад замина во унгарски МТК. По настапите во младинските категории и во вториот тим се врати во мак-фудбалот, поточно во екипата на Скопје. Потоа пред да заигра за шампионот Струга, Георгиевски беше дел и од редовите на Силекс.