Фудбалскиот клуб Болоња минатата сезона забележа историски пласман во Лигата на шампионите преку Серија А.
Поради тоа, ова лето се наполни клупската каса од два трансфери во Премиер лигата. За 40 милиони евра замина Џошуа Зиркзе, а неодамна во Арсенал се пресели и Рикардо Калафиори за 42 милиони.
Болоња е во потрага по замени за двајцата фудбалери. За позицијата напаѓач се споменуваше дури и Бојан Миовски, но во последно време контактите се смирија. Според најавите, Болоња експресно пронајде замена за Калафиори на стоперското место.
Се работи за Мартин Ерлиќ, хрватскиот стопер кој минатата сезона настапуваше за Сасуоло. Тимот од Реџо Емилија ќе игра во Серија Б, а за услугите на Ерлиќ ќе добие седум милиони евра. Зделката е веќе завршена и се очекува фудбалерот да пристигне на потпис на договорот.