Вечерва со натпреварот помеѓу Германија и Шкотска започнува Европското првенство во Германија, а пред почетокот се прават разни анализи и се изнесуваат очекувања.
Помеѓу останатите на првенството учествуваат и селекциите на Хрватска и Србија држави меѓу кои владее антагонизам. Сега тоа може да се види и во критиките на хрватскиот стручен консултат Јошкои Јеличиќ кон српската репрезентација.
„Поради егото и нивните внатрешни проблеми, мило ми е што се на Европското првенство бидејќи нема да биде достадно. Ќе биде весело ако го изгубат првиот натпревар од Англија, а тоа е очекувано бидејќи играат со Англија. Се надевам нема да се распаднат“.
Посебни критики имаше за селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
„Имаат проблем затоа што селекторот не му носи ништо на тимот. Пикси го познаваме по неговите изјави, го гледавме и како пцуе свој играч на пријателски натпревар, правејќи ги сите работи пд шодамна ги немале и веројатно никогаш нема да го имаат култот на репрезентацијата“, изјави Јеличиќ за ХРТ.
Водителите на хрватската телевизија веднаш по изјавата на Јеличиќ се оградија од неговите зборови.
„Претходно наведените ставови не се ставови на Хрватската радио-телевизија“, соопштија од националната телевизија на Хрватска.