Хрватскиот фудбалер, Марио Вушковиќ денес и официјално ја доби казната за допинг и ќе биде надвор од фудбалот до 2026 година.
Вушковиќ доби четиригодишна суспензија, меѓутоа тој е надвор од терените од 2022 година, па така таа ќе заврши есента 2026. Со тимот на германски ХСВ има договор до 2025 година, а од таму не се огласија за овој случај.
Минатата година Фудбалскиот сојуз во Германија го прогласи Вушковиќ за виновен во допинг скандалот и го суспендираше на две години.
Адвокатите кои го застапуваа хрватскиот фудбалер бараа ослободителна пресуда, додека од Светската антидопинг агенција сакаа суспензијата да биде и зголемена. Судот му понуди на Вушковиќ спогодба со признавања на вината и казна од една година, но тој одби и на крајот се резултираше со двегодишна суспензија. Вушковиќ не ја прифати ниту таа суспензија и поднесе жалба по што од Меѓународниот суд доби уште построга казна.
Доколку ја прифатеше спогодбата сега ќе можеше да се врати на терените со оглед на тоа што две години веќе помина..