202
Изминатата вечер се играа натпревари од американската МЛС лига, а големо внимание привлече ситуацијата од натпреварот помеѓу Сент Луис и Атланта кој заврши без победник 1:1.
Домаќините кон крајот на полувремето ја затресоа мрежата на Атланта, меѓутоа ситуацијата беше спорна па се гледаше ВАР.
Ништо тука немаше да не биде необично ако главниот судија на мечот немаше интересен настап објаснувајќи на микрофонот зошто голот е поништен.
Тој прво кажа дека немало офсајд и така предизвика еуфорија помѓу навивачите, сепак радоста на домаќините кратко траеше бидејќи набрзо дополни дека имало прекршок.
Во продолжение погледнете како сето тоа изгледаше.