Манчестер Сити со 4-2 го победи Челси, ѕвезда на вечерта беше Ерлинг Халанд кој постигна три голови.
Уште во првата минута Манчестер Сити доби пенал, кој беше и преновен, сигурен реализатор беше Халанд за водство од 1-0.
Веќе во следниот напад одбраната на Челси направи кардинална грешка и му подари гол на Халанд за 2-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По десет минути игра во вториот дел Боб постигна гол за предност на Манчестер Сити и од 3-0.
Веќе во следната минута беше 4-0, Ерлинг Халанд комплетираше хет-трик.
Челси конечно постигна гол во 59. минута, по асистенција од Мадуеке, Стерлинг ја закова топката во мрежата на неговиот поранешен клуб.
Конечните 4-2 ги постави самиот Мадуеке во 89. минута од натпреварот.