121
Eкипата на Манчестер славеше уште една победа во рамките од третото коло во Премиер лигата откако денеска со 1:3 „граѓаните“ славеа победа над Вест Хем.
Одново одличен на теренот беше Ерлинг Халанд кој веќе дојде до бројката од седум гола во сезоната.
Халанд го отвори резултатот по само десет минути игра, а во 30. минута и вторпат се запиша во листата на стрелци.
Се обидуваше Вест Хем да дојде до гол за израмнување, имаше одлични прилики, Кудус во второто полувреме ја погоди и стативата. Кога ги пропуштија своите шанси, Халанд го постигна и својот трет гол во 84. минута за конечни 1:3.