Хет-трик на Левандовски за победа на Барселона кај Алавес! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Роберт Левандовски имаше фантастично прво полувреме со кое донесе убедлива победа од 3-0 на Барселона на гостувањето кај Алавес.

Своето гол шоу Левандовски го почна уште во седмата минута кога погоди за водство од 1-0, во 22. минута го даде вториот гол, а хет-трикот го комплетираше во 32. минута од мечот.

По девет одиграни кола Барселона е прва на табелата во Ла Лига со 24 бода, три повеќе од Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани