Херојски потег за респект: Капитенот на Манчестер јунајтед спасил живот на патник во авион

by Стефан
1 минути читање

Португалецот Бруно Фернандеш против Лестер (3:0) го одигра најдобриот натпревар за Манчестер јунајтед сезонава.

Фудбалерот од средниот ред постигна гол и асистираше при автоголот со кој „црвените ѓаволи“ поведоа со 2:0. Но, поважен потег португалскиот ас имал при летот од Манчестер за Лисабон на собирот на репрезентацијата.
Фернандеш бил во авионот заедно со Далот кога спасил живот на еден од патниците.

„Слушнав како некој вика дека е потребна помош за некого. Тоа беше Бруно. Екипажаот истрча на помош, едно место беше празно, па Бруно дојде до господинот“, изјави севокот Сузана Лосон која патувала со авионот.

„На крајот остана со човекот и екипажот да се увери дека е се во ред, а потоа се врати на своето место на еден суптилен начин. Не сакаше внимание. На излегување го прашав за селфи и тој прифати. Го пофалив за неговата грижа“, додала патничката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани