Хајдук со минимални 1-0 го победи Динамо Загреб на Пољуид и ја зголеми предноста на врвот пред актуелниот хрватски шампион.
Клучниот момент се случи во 54. минута кога Сигур искористи една грешка на одбраната на Динамо и погоди за водство на Хајдук од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Niko Sigur goal! Wins the ball back and scores a good goal to give Hajduk Split the 1-0 lead vs Dinamo Zagreb. His 3rd goal of the season. #CanMNT pic.twitter.com/NqDy5mdOoP
— Ismael Koné Enthusiast🇨🇦🇱🇧 (@LFCYussef6) December 1, 2024
Динамо последните минути игра одигра со фудбалер помалку откако Рог доби црвен картон во 90. минута.
Стефан Ристовски беше стартер на мечот, во игра остана до 62. минута кога беше заменет. Адеми и Трајковски не настапија на мечот.
Хајдук е прв на табелата со 32 бода, Динамо е на третото место со 25, меѓу нив е Риека која има 29.