Хаос во Рома по дебаклот: Јуриќ се степал со фудбалер?!

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации на „Газета дело Спорт“ вистински хаос се случувал во Рома по дебаклот против Фиорентина од 5:1.

Ваквиот пораз на Рома веројатно ќе значи заминување од клупата на хрватскиот стратег и тоа само месец ипол откако пристигна. Атмосферата во соблекувалната по дебаклот наводно била тензична, а Јуриќ дури и влегол во физичка пресметка со Џанлука Манчини, тврдат медумите на „чизмата“.

Јуриќ пред останатите фудбалери влегол во жестока расправија со фудбалерот кого го замени на полувреме, а на крајот се прераснало и во физичка пресметка, но повеќе детали не се објавуваат.

Како доказ дека помеѓу Манчини и Јуриќ имало тензија, „Кориере дело Спорт“ го посочува тоа што дефанзивецот не се вратил да го проследи второто полувреме, а исто така на клупата го немало ниту неговиот пријател Анхелињо кого Јуриќ го замени по 32 минути игра.

На полувремето Фиорентина имаше предност од 3:1. Јуриќ засега уште е тренер, но прашање е до кога.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани