Вардар Неготино во наредните натпревари ќе биде домаќин надвор од својот град поради суспензијата на стадионот која им ја изрече ФФМ.
По завршувањето на мечот меѓу Вардар Неготино и Охрид кој го добија гостите со 1-0. Голманот на охриѓани беше нападнат од неслужбени лица.
„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари,на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино . Суспензијата стапува на сила веднаш“, стои во соопштението на ФФМ.