Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 во кое се пријавија десет клубови (ФК Струга Т.Љ., ФК Македонија Ѓ.П., ФК Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи, ФК АП Брера, ФК Тиквеш, КФГ Гостивар и ФК Воска) од Прва МФЛ и четири клубови (ЖФК Љуботен, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Тиверија, ЖФК АСС Јунајтед) од Прва ЖМФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 на клубовите:
1. ФК Струга Трим Љум – Струга
2. ФК Тиквеш-Кавадарци
3. ФК Работнички – Скопје
4. ФК Воска -Охрид
5. ФК Шкендија – Тетово
6. ФК Шкупи 1927 – Скопје
7. ФК АП Брера-Струмица
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 на клубовите од Прва ЖМФЛ:
1. ЖФК Љуботен – Тетово
2. ЖФК Каменица Саса – Македонска Каменица
3. ЖФК Тиверија – Струмица
ЖФК АСС Јунајтед се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2024/25.