Фудбалерите ја изгубиле довербата: Ќе ја видиме ли првата тренерска смена во Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Како што стојат работите наскоро би можеле да ја видиме и првата тренерска смена во Премиер лигата сезона.

Медиумите на Островот пренесуваат дека фудбалерите на Лестер наводно ја изгубиле довербата во тренерот Стив Купер.

На Островот се пишува дека на поголем дел од соблекувалната не им се допаѓа начинот на кој Купер го води тимот.

Наводно фудбалерите сметале дека тој дава многу малку инструкции, како на тренинзите, така и на натпреварите.
Во овој момент изгледа дека тој е првиот кандидат за отказ. Ова лето тој потпиша договор на три години, меѓутоа тешко дека ќе се задржи подлг период.

На клупата Купер го наследи Енцо Мареска кој се пресели во Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани