„Фудбалерите на Косово се однесуваа како кретени, а потоа сакаа да излезат жртви“

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Романија вчера го победи Кипар со 4:1 и така се пласираше во „Б“ дивизијата од Лигата на Нации, а по натпреварот селекторот на Романците, Мирчеа Луческу ги критикуваше косовските фудбалери.

Натпреварот помеѓу Косово и Романија од минатото коло беше прекинат во финишот и според најавите тој ќе биде доделен со службен резултат на „зелена маса“ за домашната селекција Прекинот го предизвикаа косовските фудбалери кој го напуштија теренот поради скандирање од трибините.

Мирче Луческу сега јавно го критикуваше за таквиот однос, но и хаосот кој го оставиле во соблекувалната по заминувањето.

„Пред три дена фудбалерите на Косово беснеаа и кршења предмети, се однесуваа како кретени и зборуваа лаги, а на крајот саакаа да излезат жртви. Кога играте на вакво ниво ви треба малку пристојност“, изјави Луческу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани