Вистински крах му се заканува на францускиот фудбал бидејќи сојзуот се уште не добил понуда за ТВ преносите за сезоната која наскоро треба да почне. Во опасност од банкрот поради таквата ситуација се дури осум прволигаши.
Францускиот фудбал би можел да се соочи со катастрофа каква што немало во најсилните првенства во Европа. Имено, веќе со месеци нема понута за петгодишниот циклус на преносите од 2025 до 2029 година. Тоа значи дека и клубовите нема да ја добијат потребната финансиска поддршка.
Претходно првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција, Финсент Лабурн бараше сума од една милијарда евра по сезона. Но, со заминувањето на ѕвезди како Меси, Нејмар и сега Мбапе интересот за ова првенство и тоа како падна.
Се шпекулираше со „ДАЗН“ и „беИН Спортс“ како потенцијални купувачи, но договор се уште не е постигнат. Цената дури и беше препополовена, меѓутоа повторно понуди нема.
Најпознатиот француски медиум „Л’Екип“ изрази загриженост и пишува дека осум клубови се во опасност од банкрот. Станува збор за: Оксер, Ленс, Нант, Ремс, Монпекје, Брест, Ле Хавре и Анже.