Фофана одби понуда од Премиер лигата, сака во Милан

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот репрезентативец Јусуф Фофана веќе неколку седмици има договорени лични услови со Милан, меѓутоа во моментов трансферот во Серија А делува далечен.

Причината за такво нешто се високите барања на Монако, бидејќи сакаат 30 милиони евра за договорот на играчот кој истекува следното лето. Милан нуди половина од таа сума, а во моментов преговорите се стопирани.

И покрај тоа, Фофана е подготвен да го чека Милан. Според информациите, Французинот одбил трансфер во Премиер лигата, поточно во редовите на Вест Хем бидејќи сака да се пресели на „Сан Сиро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани