Фонсека: Ова беше важна победа за Милан, тимот долго време немаше триумф над Интер

by riste
1 минути читање

Пауло Фонсека беше на работ на отказ од Милан, но вчера росонерите одиграа одличен меч и го победија Интер со 2-1, па португалскиот стратег засега си ја сочува работата.

„Тоа беше дерби кое Милан веќе некое време не го добил, беше важна победа поради тоа, но и важна поради нашата сегашна ситуација. Мислам дека фудбалерите покажаа голема храброст, ја заслуживме оваа победа. Не се сеќавам дека некој друг тим во последно време му создал толку проблеми на Интер“, рече Фонсека по натпреварот.

„Сега имаме повеќе самодоверба, но важното за мене е фудбалерите да продолжат да веруваат во нашите идеи, како што беше досега. Знаеме дека треба да се подобриме, но ова победа беше за играчите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани