Фоден повеќе пати му ја додал топката на Пикфорд отколку на Кејн!

by riste
1 минути читање

Англија влезе како фаворит број еден на Европското првенство, но разочара со игрите во групната фаза иако го освои првото место.

Англичаните ја победија само Србија, а одиграа нерешено против Данска и Словенија. Герет Саутгејт е мета на многу критики, а излезе и една фрапантна статистика за неговата офанзива.

Фил Фоден кој треба да биде еден од најважните соработници на Хари Кејн, само еднаш му ја додал топката на напаѓачот за време на трите натпревари, а дури трипати на голманот Џордан Пикфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани