Ханси Флик изнесе добри вести за навивачите на Барселона, поврзани со младата ѕвезда Ламин Јамал.
17-годипното крило имаше повреда на зглобот и паузираше од почетокот на месецот. Сепак, тој се врати на тренинзите во четвртокот и ќе биде во конкуренција за настап уште овој викенд. Исто така, набргу се очекува и враќање на Роналд Араухо кој подолго беше отсутен.
„Ламин се врати и подготвен е да игра. Ќе видиме дали ќе го почне натпреварот. И Араухо почна да тренира и секојдневно е сè подобар. Не би можел да кажам кога точен датум, ама е сè поблизу до враќање на терен“, откри Флик.
Барселона в сабота во 14:00 часот ќе биде домаќин на Лас Палмас. За овој меч Флик ќе може да смета на Јамал, а младиот фудбалер е прекупотребен за стабилизација на тимот и враќање на победничките патеки.