Флик е бесен: Голот е чист, тоа е голема грешка! (ФОТО)

by riste
2 минути читање

На мечот меѓу Реал и Сосиедад и Барселона се случи контроверзен момент кој предизвика лавина од реакции.

Левандовски даде гол, но погодокот му беше поништен со ВАР поради офсајд. Дилемата е дали технологијата го мереше стапалото на напаѓачот на Барселона или на играчот на Сосиедад.

Од таборот на Барселона без исклучок велат дека голот е чист, а и најголемиот дел од шпанските медиуми го тврдат тоа.

„Ги видов сликите и одлуката беше погрешка, тоа е чист гол. Многу е јасно, голот требаше да важи“, вели Ханси Флик.

„Треба да го прифатиме тоа, не треба да ги обвинуваме судиите бидејќи сите ние сме луѓе и правиме грешка, денеска тоа беше голема грешка“.

Фудбалерот Касадо смета дека Ла Лига треба да им го верификува голот.

„Ла Лига мора да го верификува голот постигнат од Левандовски. Би било многу неодговорно ако легален гол да биде поништен на таков начин“, рече Касадо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани