Флик: Да го одморам Јамал? Не ми изгледа дека му треба одмор!

by riste
1 минути читање

Утре Барселона го пречекува Хетафе во нов меч од Ла Лига, Ханси Флик вели дека нема намера да го одмора Ламин Јамал, тој ќе биде во стартниот состав.

Ламин Јамал полека се промовира во една од главните ѕвезди на Барселона, 17-годишниот фудбалер одигра многу натпревари и за каталонскиот клуб и за Шпанија, па на денешната прес-конференција Флик беше запрашан дали ќе го одмори за утрешниот меч.

„Дали ќе го одморам Јамал утре? Не ми изгледа како некој што му треба одмор. Треба да напоменам дека играме на домашен терен и треба да стартуваме со фантастичен тим“, вели Флик.

„Дали Ламин е најдобриот фудбалер во светот? Квалитетот нема врска со годините. Дали е тој најдобар? Може да биде, без сомнение“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани