Екипата на Барселона ќе мора да биде без услугите на младата ѕвезда Ламин Јамал на саботното гостување против Селта во рамките од Ла Лига.
Јамал се повреди во последниот натпревар за Барселона и ги пропушти двата натпревари на Шпанија во Лигата на Нации, но се очекуваше дека ќе биде спремен викендов да му помогне на својот тим.
Сепак, тоа не се случи. Неговото отсуство може да биде проблем за Барселона која не смее да си дозволи нов кикс со кој би дозволила Реал Мадрид да ја стигне.
За Ханси Флик добра вест е што повредата која Левандовски ја имаше на грбот и поради која не настапи за Полска е минато и Полјакот ќе биде спремен да истрча на теренот.
Кога во прашање е отсуството на Јамал треба да се каже дека Барселона сезонава во Ла Лига беше поразена на два натпревари и во тие два натпревари Јамал не играше.