451
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на конгресот во Бангкок објави промена која се тестира и наскоро би требало да биде имплемнтирана.
Најважната промена се однесува на тоа дека тренерите на тимовите ќе имаат можност сами да побараат помош од ВАР, тоа може да го направат по двапати во текот на мечот.
Доколку се во право и одлуката биде променета по нивното барање, и понатаму ќе имаат право на две барања за ВАР, односно нема да го изгубат правото да побараат проверка на одлука. Ако пак остане одлуката на судиите, односно барање не биде успешно, тогаш го губат правото на едно барање.
Принципот е ист како и во тенисот кога тенисерите имаат право не челинџ.