Фиорентина се пофали: Де Хеа пристигна во Фиренца!

by riste
1 минути читање

Шпанскиот голман, Давид Де Хеа пристигна во Фиренца каде во текот на денот треба да го комплетира трансферот во Фиорентина.

Вчера падна договор, Давид Де Хеа се договори со Фиорентина за едногодишна соработка со можност за продолжување на уште една сезона.

По една година пауза легендарниот шпански голман му се враќа на фудбалот.

Фиорентина се пофали дека Де Хеа е веќе во Фиренца. Тој треба да ги помине медицинските тестови и да го потпише договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани